Уште поголем скандал: Затворската полиција не била на задача во КРУШЕВО!
Од Управата велат дека со внимание ги проследиле објавите на медиумите во кои политичката партија „Левица“ бара од министерот за правда Никола Тупанчевски да го разреши директорот на КПУ Затвор Скопје – Филип Андов за наводно ангажирање на припадници на затворската полиција од Затворот Скопје и малтретирање на партиски член на прославата на државниот празник Илинден.
„Управата ја провери веродостојноста на наводите, и побара информација од директорот на КПУ Затвор Скопје. Согласно добиените сознанија, Управата за извршување на санкциите демантира какво било организирано учество на припадници на затворската полиција во настанот кој се случил во Крушево. Припадниците на затворската полиција ги извршуваат своите работни задачи институционално т.е. во казнено-поправните установи каде се вработени и немаат никакви овластувања да постапуваат по ничија наредба надвор од затворскиот систем и поврзано со службените задачи, како и вон работното време. Доколку некој во приватно својство учествува во таков или сличен настан, не може обвинувањата да се упатат на кој било функционер кој раководи со институцијата и на сите припадници на затворската полиција , како и да се политизира настан кој нема таква позадина“, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 31-годишен маж, ја нападнал својата 18-годишна…
На 21.09.2026 во 22:20 часот во Свети…
Ердоган: Газа е најнехуманиот, најсрамниот концентрационен логор…
Турскиот претседател Таип Ердоган денес пред Генералното…
Макрон од говорницата на ОН предупреди дека…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во своето…
(Видео) Струмичката полиција откри нелегална плантажа и…
СВР Струмица реализираше акција во подбеласичкиот регион…
Недостиг на дел од горивата на француските…
Дел од бензинските пумпи во Франција остануваат…