Судирот Муареми-Русковска е на штета на граѓаните, порача Спасовски
Ова предизвикува штета на граѓаните, затоа што вербата во институциите се губи. Мора секој еден што носи функција, мора да носи одговорност. Не може да се дозволи да се растураат институции од било кого. За тоа треба цврсто да застане секој ден Ако се изгуби вербата во институциите, тогаш е најголемиот проблем, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за судирот и обвинувањата меѓу шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска и директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми.
Тој истакнува дека власта е тука за интересот на граѓаните.
-Тој интерес треба да го следиме. Граѓаните се тие кои преку даноци обезбедуват функционирање на државниот апарат и институциите и затоа треба да бидеме одговорни. Треба да размислиме зошто судството и Обвинителството имаат 8% доверба кај граѓаните. Не верувам дека ова е начинот со кој ќе ја зоглеме довербата. Има многу други начини во зголемување на довербата, одговори Спасовски на новинарско прашање во емисијата „Жешко политичко лето“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Холандија се откажува од Евровизија
Холандија нема да учествува на Евровизија следната…
Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…
Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…
Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…
Вечерва се активни седум пожари, денес на…
Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…
Два сребрени и еден бронзен медал за…
Борачите ги донесоа првите (три медали) за…