Објавено на:

Фудбалер на Малме ја пропуштил сопствената венчавка поради натпревар, на церемонијата го менувал неговиот брат

t

Новиот напаѓач на фудбалскиот клуб Малме, Мохамед Буја Турај, ја пропуштил сопствената венчавка за да дебитира за шведскиот клуб на натпреварот во квалификациите за Лига Европа против Дуделанж, пренесуваат светските медиуми.

Турај открил дека неговиот брат го претставувал на венчавката и дека церемонијата била одржана без него.

„Мојот брат ме застапуваше на венчавката. Се венчавме на 21-ви јули во Сиера Леоне. Но, јас не бев таму бидејќи Малме ме замоли да дојдам порано“, изјавил фудбалерот.

Тој на социјалните мрежи објавил фотографии од венчавката и објаснил дека истите биле направени претходно.

„Се фотографиравме претходно, затоа изгледа како да сум бил таму, но не бев. На самата венчавка ме менуваше мојот брат додека сопругата ќе живее тука со мене. Кога станува збор за медениот месец, прво мора да бидеме прваци“, изјавил напаѓачот на Малме.

Мохамед Буја Турај ова лето пристигна во Малме од кинескиот Хенан, а на натпреварот против Дуделанж влезе на теренот од клупа и одигра 10-тина минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Централните банки забрзано купуваат злато: Се преиспитува…

Централните банки ширум светот ги зголемуваат набавките…

Ројтерс: Иран подготвил планови за напади врз…

Иран подготвил детални планови за напади врз…

Зајкова: ЛДП нема да отстапи од барањето…

ЛДП е целосно независна, идеолошки автентична и…

Австрија протерува четворица руски дипломати поради безбедносни…

Австриското Министерство за надворешни работи соопшти дека…

Начевски: Да не беше Заев, Филипче немаше…

Коста Начевски, долгогодишен член на СДСМ и…