Објавено на:

(Видео) Голем пожар избувна во околината на Прешево

t

Голем пожар избувна во околината на Прешево, во непосредна близина на автопатот Е-75, меѓу стариот пат Бујановац – Прешево, гори речиси два часа.

Противпожарните екипи со часови се борат со пожарот, а хеликоптер чека да се обиде да го изгаси пожарот од воздух.

Под закана е зимзелената шума, популарно место за излет на жителите. Како што дознава српски Курир, Координативното тело за Прешево, Бујановац и Медвеѓа е во постојан контакт со МУП и состојбата се следи.

Како што јавува дописникот на РТС од терен, во близина на локацијата каде беснее пожарот има стари ненаселени згради.

Пожарот кој зафати поголема површина и густиот чад се видливи од автопатот и од граничниот премин Прешево- Табановце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средба Сиљановска-Давкова и Славески: Економијата е стабилна,…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот…

Вработен во МВР возел без возачка и…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

ЦУК: Чадот над Скопје доаѓа од пожарот…

Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје…

Цело Скопје мириса на чад, реагираат граѓани…

Повеќе од два часа главниот град е…