Детали за сообраќајката кај Струмица: Три лица се повредени

t

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 13:30 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село откако патничко возило излетало од патот во близина на клучката кон село Сачево.

Според информациите од СВР – Струмица, повредените се пренесени на лекување во струмичката болница, а увидот на местото на сообраќајката завршил пред малку.

Заради незгодата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин околу еден час и се пренасочуваше по локален спореден земјен пат.

Во 14:55 часот сообраќајот е нормализиран на магистален пат Струмица – село Ново село, на делницата од Струмица кон село Дабиле во близина на клучката кон село Сачево. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затвореник избегал на пауза од судење во…

Затвореник од затворот во Штип во текот…

Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…

Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…

Се додека не се зголемат откупните цени…

Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и…

Македонски ученици го освоија првото место на…

Македонски ученици го освоија првото место на…

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…