Објавено на:

Борел ги осуди воените активности на руската војска во близина на нуклеарната централа во Запорожје

t

Европската Унија ја осудува Русија за „неодговорното кршење“ на принципите за нуклеарна безбедност со воени активности околу украинската електрана во Запорожје, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

„ЕУ ги осудува руските воени активности во близина на нуклеарната централа во Запорожје. Ова е сериозно и неодговорно кршење на принципите на нуклеарната безбедност и уште еден пример на руско непочитување на меѓународните норми“, напиша Борел на Твитер.

Тој побара Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да добие итен пристап до централата.

Шефот на МААЕ Рафаел Гроси претходно изјави дека најголемата европска нуклеарна централа во Украина е „целосно надвор од контрола“ и ги повика Русија и Украина итно да дозволат експерти да го посетат комплексот со цел да се стабилизира ситуацијата и да се избегне нуклеарна катастрофа. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…

Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…

Вечерва се активни седум пожари, денес на…

Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…

Два сребрени и еден бронзен медал за…

Борачите ги донесоа првите (три медали) за…

Трамп: Иран доживува целосен колапс

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…

Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром, тројца луѓе…

Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба…