За седум дена ќе биде познат судбината на „ДОМОТ ВАНЧО МИХАЈЛОВ“: Eврејската заедница започна процедура пред битолскиот катастар

t

Еврејската заедница на Македонија ја започна процедурата пред надлежната институција во Македонија со цел да се проверат фактите изнесени во репортажата на германската телевизија ЗДФ, во која се тврди дека куќата во која сега е сместен бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, некогаш била во сопственост на еврејско семејство.

Од Еврејската заедница на Македонија ни потврдија дека е започната процедура во Катастарот во Битола, за историја на движење на имотот на посочената куќа. Од катастарот им било соопштено дека процедурата ќе трае 7 дена, како и дека оваа институција располага со документација за историјата на движењето на имотот до 1932 година.

– Не би можел да потврдам дали посочениот објект во минатото бил во сопственост на македонски Евреи. Ние започнавме процедура и очекуваме одговор од надлежната институција. Точно е дека отспротива на куќата, се наоѓа објект што е во сопственост на Еврејската заедница на Македонија. Засега немаме конкретна информација, но верувајте дека ќе се потрудиме да ја добиеме – изјави за Плусинфо, Пепо Леви, претседателот на Еврејската заедница во Македонија.

Иван Михајлов бил докажан соработник на Хитлер, Мусолини и на Анте Павелиќ, кои заедно убиле над 6 милиони Евреи. Бугарските фашистички власти во Втората светска војна депортирале над 99 отсто од македонските Евреи кои никогаш не се вратиле од логорот на смртта во Треблинка.

Во репортажата, новинарката Брита Хилперт го прашува директорот на бугарскиот центар Љупчо Горгиевски: Зарем не е бесчувствително Културниот центар да му се посвети на Иван Михајлов, кој соработувал со нацистите?

– Соработката не е докажана (признаените историчари поинаку гледаат з.а.), поважна е неговата улога во историјата на Бугарите во Македонија. Историските книги треба да се променат – вели Горгиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го обвини Бајден дека раководел со…

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го обвини…

Ковачевски: Повикуваме на општа мобилизација на сите…

„Иднината на Македонија е во Европската Унија,…

(Видео) Венко Филипче и Благој Бочварски возеа…

Венко Филипче и Благој Бочварски возеа по…

Ристовски во Шуто Оризари: Да ја сопреме…

Носителот на листата во ИЕ2 на Коалицијата…

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните,…

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот…