И цената на маслиновото масло би можела драстично да порасне!
Инфлацијата ни тропа на вратата секој ден посилно, па по зголемувањето на цените основните намирмици како лебот, брашното и сончогледовото маслото за јадење, сега и цените на маслиновото масло би можеле да се зголемат за дури 25 отсто во следните три до четири месеци поради топлотниот бран што влијае на производството во Шпанија, предупредува водечкиот шпански извозник Acesur.
Директорот за извоз на компанијата, Мигел Колменеро, смета дека цените би можеле да пораснат за 20 до 25 отсто, пишува Би-Би-Си.
Шпанија произведува речиси половина од светското маслиново масло. Но, таа земја, како и другите региони на Западна Европа каде се произведува маслиново масло, вклучувајќи ги Италија и Португалија, во последните недели е погодена од екстремно високи температури и суша.
Минатата година Шпанија произведе околу 1,4 милиони тони маслиново масло, но Колменеро предупредува дека за оваа сезона се предвидува само еден милион тони, а сувото време може да влијае и на жетвата следната сезона доколку маслинките не никнат нови гранки.
Ова ќе има влијание врз глобалните цени. Во јули, референтната цена на Mintec за екстра девственото маслиново масло се искачи на највисокото ниво досега оваа година, со раст од 7,3 отсто месечно и 14,2 отсто на годишно ниво. Колменеро тврди дека ова на крајот ќе дојде до потрошувачите, иако со задоцнување од три до четири месеци, бидејќи многу компании веќе имаат потпишано 12-месечни договори со трговците на мало.
Според компанијата за истражување на мало Assosia, просечната цена на маслиновото масло од сопствен бренд во четирите најголеми британски синџири супермаркети се зголеми за 50,2 отсто во споредба со август минатата година. Од јуни до јули просечните цени се зголемени за 28,5 отсто.
Ако продолжи сувото време, цените би можеле дополнително да се зголемат, според пазарниот аналитичар на Mintec, Роксан Никоро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…