Kурти ќе направи војна?! – На 1 септември започнува примената на одлуката за српските таблички и документи
Косовскиот премиер, Албин Курти изјави денеска дека примената на одлуките за замена на српските со косовски регистерски таблички и за реципроцитет кон Србија во однос на личните документи при влез на граѓаните од едната во другата држава, ќе започне на 1 септмеври годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.
На отворањето на денешната седница на Владата, Курти рече дека примената на одлуките, кои веа донесени минатиот јуни, е во функција на редот и законот, јавната безбедност и слободното движење на граѓаните на територијата на цела Република Косово.
Косовскиот премиер им се обрати на граѓаните од српска националнот, порачувајќи им дека одлуката за издавање времени документи при влез во Косово не ја ограничува слободата на движење и не подразбира одземање на личните документи издадени од српските власти.
Времето на опремување со овие документите од косовските институции е 20 секунди, додека веќе 11 години нашите граѓани при секој влез во Србија за истата работа треба да чекаат од 10 до 60 минути. Сум слушнал за лажната вест дека српските документи ќе се конфискуваат на граница, што не е вистина. Документот за влез-излез е дополнителен документ, кој се издава бесплатно и со кој може да се добијат и други услуги во нашите државни институции за време на престојот во Косово – рече Курти.
Спроведувањето на двете одлуки требаше да започне на 1 август, меѓутоа, на барање и на меѓународната заедница, пред сé на амбасадорот на САД, Џеф Ховениер, по протестите и блокадите на косовските Срби, е одложено за еден месец.
Во врска со споменатите протести и блокади, Курти денеска повтори дека тие „не доаѓаат оддолу туку одозгора”, односно дека се нарачани и организирани од властите во Белград, чија намера е да го дестабилизираат Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…