Првиот македонски филм за деца „Стела“ вечер на „Кино на отворено” во Кисела Вода
Првиот македонски филм за деца „Стела“ ќе се прикажува вечер во паркот „Македонија“ во Општина Кисела Вода, во рамки на манифестацијата „Кино на отворено“.
На почетокот на настанот најпрвин ќе бидат прикажани анимирани филмови за најмладите од архивата на „МакеДокс“, а потоа ќе започне и емитувањето на „Стела“.
На проекцијата на првиот македонски филм за деца ќе присуствуваат и продуцентот Огнен Антов, режисерот Стојан Вујичиќ, како и главниот актер Дејан Лилиќ кои ќе одговараат на прашањата на посетителите.
Општинските власти, кои се реализатори на фестивалот, соопштија дека синоќешната прва вечер предизвика огромен интерес, со околу 300 посетители.
-Огромен интерес предизвика синоќешната прва вечер од манифестацијата „Кино на отворено” која ја реализира Општината со поддршка од „МакеДокс“. Околу 300 посетители ја посетија проекцијата на првите два филма од програмата која ќе трае до недела и опфаќа повеќе интересни, соопштија од Општина Кисела Вода.
Фестивалот синоќа беше отворен со филмот “Cinema Komunisto” на режисерката Мила Турајлиќ, а на репертоарот беше и „My world is upside down” во режија на Петра Селискар.
Фестивалот ќе трае до недела и опфаќа документарни и играни кинематографски остварувања. Поточно, ќе бидат прикажани и филмовите „Grand mothers of Revolution“, „Mother Europe“ во режија на Петра Селискар, краткометражниот филм „Другарот“ во режија на Димитар Оровчанец, „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…