Објавено на:

Руските власти извршија претрес во домот на поранешна новинарка која протестираше против војната во Украина

t

Руските власти извршија претрес во домот на поранешна новинарка на државната телевизија, која дала отказ од својата работа откако во етерот протестираше против војната во Украина.

Тие, исто така, покренале кривична постапка против неа под обвинение за ширење лажни информации за руските вооружени сили, изјави нејзиниот адвокат, а пренесува „Гардијан“.

„Против Марина Овсијаникова е покрената постапка според законот што беше донесен по инвазијата на Украина на 24 февруари, со кој се казнуваат изјавите против армијата“, изјави адвокатот Дмитриј Закватов. Доколку биде осудена, ѝ се заканува затворска казна до 15 години.

Адвокатот на Телеграм објави дека очекува по претресот властите да ја приведат Овсијаникова на распит.

Овсијаникова привлече меѓународно внимание во март, откако упадна во руското државно телевизиско студио каде што работеше во тоа време и ја осуди војната во Украина за време на вестите во живо. Поради тоа, таа е казнета со 30.000 рубли поради кршење на законот за протести.

Во јули таа беше изведена пред суд за последователни објави на социјалните мрежи во кои напишала дека одговорните за акциите на Русија во Украина ќе бидат на обвинителна клупа пред меѓународен суд.

На суд, Овсијаникова го повтори својот протест и рече дека нема да ги повлече своите зборови. Таа рече дека не разбира зошто е таму и за што ѝ судат.

„Ова што се случува овде е апсурдно. Војната е ужас, крв и срам. Вашите обвинувања се како да ме обвинувате за ширење на мајмунски сипаници… Целта на судењето е да се заплашат сите луѓе кои се против војната во Украина. Русија е агресорот. Почетокот на оваа војна е најголемото злосторство на нашата влада“, рече тогаш новинарката.

Адвокатот на Овсијаникова во јули изјави дека таа има право да зборува според членот 29 од рускиот Устав, кој го штити правото на слобода на изразување. Но, судијата ги отфрлил аргументите на адвокатот и ја казни поранешната новинарка со 50.000 рубли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тие не заслужиле да се изнајми приватен…

Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…