Државјани на Албанија без регулиран престој бесправно реконструирале улица во Тетово

t

СВР Тетово информира дека по добиена пријава се приведени тројца државјани на Албанија кои работеле на реконструкција на улица без да имаат регулиран престој.

Полицијата добила пријава во 14.30 часот дека на ул. „Тодор Циповски Мерџан“, кај делницата од ул. „Иво Лола Рибар“ до „Два бреста“ се обавуваат градежни работи за реконструкција на улицата по што полицајци излегле на лице место.

Денеска (10.08.2022) во полициска станица при СВР Тетово се приведени Т.Ѓ.(38), М.М.(40) и Г.А.(30), државјани од Р.Албанија. Постапувајќи по пријава во 14.30 часот, според која на ул. „Тодор Циповски Мерџан“, кај делницата од ул. „Иво Лола Рибар“ до „Два бреста“ се обавуваат градежни работи за реконструкција на улицата, полициски службеници од СВР Тетово излегле на лице место, при што било констатирано дека не е поставена соодветна сигнализација за работа на пат, изведувачите не поседуваат документација или согласност за извршување на работите – информираат од СВР Тетово.

Според полицијата, тројцата приведени далe лажни податоци.

-Тројца од ангажираните лица за работа дале лажни податоци од лица наши државјани, иако станувало збор за државјани од Р.Албанија кои немаат регулиран престој во државата. По документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок, а фирмата што ги изведувала работите треба да прекине со работата и да ја врати улицата во првобитна состојба сѐ до регулирање на документацијата и добивање на согласност, информира СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„ВЛЕН“: Ахмети ја загубил контролата откако сфатил…

„Со жалење можеме да кажеме дека со…

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПРЕД КЛИНИЧКИ: Смачкани се…

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на…

Словенечки политичар нападнат на јавен собир!

Главниот кандидат на Словенечката народна партија (СЛС)…

„Вашингтон пост“: Русија демонстрира воена и економска…

И покрај очекувањата на Западот, Русија успеа…

Ветерот и Сонцето произведоа рекордни 22 отсто…

Прегледот на глобалната енергетска  состојба покажа дека…