Великани на светската историја: Мартин Лутер Кинг – човек со сон за мир, еднаквост и правда
Мартин Лутер Кинг беше баптистички свештеник од САД, активист за граѓански права и еден од најголемите лидери за правата на црното население во САД. Голем противник на војната, ненадминат пацифист. Роден е во Аталанта на 15 јануари 1929г., а живееше до 4 април 1968г. кога му беше извршен атентат при што беше убиен.
Тој е еден од најзначајните личности во поновата историја на САД и се смета за еден од највлијателните поборници на ненасилството, а многу луѓе ширум светот го почитуваат како херој, миротворец и маченик. Како признание на неговата истакната улога во американската историја, во прв ред поради неговата улога за здобивањето на афроамериканците со основните човекови и граѓански права, во 1986, во негова чест, беше прогласен државен празник во САД, наречен Ден на Мартин Лутер Кинг, кој се празнува третиот понеделник во јануари секоја година.
Кој е Мартин Лутер Кинг?
Тој беше човек кој имаше сон. Да, токму така, тој беше човек со сон и визија. Човек кој пред сите други ја видел ветената земја за онеправданите афроамериканци во САД, човек кој јавно соопшти дека афроамериканците ќе стигнат во таа земја и дека ќе бидат среќни и конечно со чувство за еднаквост, а не дискриминирани. Како големт борец за човекови права на црнците во 50-тите и 60-тите години од 20 век, Мартин Лутер Кинг, неуморно се бореше за социјална правда и за прекинување на расната дискриминација и отфрлање на сегрегацијата меѓу црните и белите во САД. Со својата голема харизма и инспиративните говори што ги држеше инспирираше десетици илјади луѓе во САД и насекаде во светот да учествуваат во ненасилни директни акции за да ја подигнат свесноста на луѓето од владите на конкретните држави.
Со своите ставови и идеали ги промени мислењата на многу луѓе и покрена револуција за човекови права. Со искреност и доборонамерност ги допираше и освојуваше срцата на сите онеправдани и ги придобиваше во големата борба против направдата практикувајќи ненасилство. Кога држеше говори пред стотици илјади граѓани, тој не се користеше со манипулации. Напротив, секогаш употребуваше факти и аргумени, со кои убедуваше дека постојниот неправеден ситем треба да се менува. Кога влијаеше на широките народни маси, тоа го правеше во интерес на сеопштото добро на луѓето, а не за свој личен интерес. Луѓето ги мотивираше и ги повикуваше да се борат за остварувања на своите неотуѓиви права. Ја критикуваше војната со Виетнам и жестоко ја напаѓаше милитантната политка на САД. На тој начин придобиваше стотици илјади луѓе во борбата против војна и во залагањата за граѓански права на онеправданите и сиромашните. Беше голем, најголем борец против расизмот во САД и против тогашната актуелна сегрегација, т.е. поделба на американското општество.
Иако доби Нобелова награда, како израз на вреднување и прифаќање на неговото дело и на неговата личност од страна на прогресивната светска јавност, тој имаше голем број непријатели во САД, од редовите на радикалните националисти, од идеолозите на сегрегацијата и расизмот во САД, Некои екстремисти од тие редови и извршија атентат врз него на 4 април 1968г. во хотелот во Тенеси, Мемфис, каде што беше сместен. На неговата надгробна плоча испишан е стихот од духовната песна “Конечно слободен“, кој гласи: Конечно слободен, конечно слободен, ти благодаран семоќен Господе, конечно сум слободен“.
Како успеа да го постигне сето тоа?
Со совјата активност привлече големо внимание, факт кој не и беше по воља на тогашната власт во поделеното американско општество. Власта го тепаше, без потреба, го понижуваше на срамен начин, и како израз на својата немоќ, безброј пати го затвораше. Буквално му се потсмеваа и го навредуваа. Тој беше посилен и похрабар од сите претставници на американската власт, од екстремистите, од расистите. Беше упорен, непоколеблив, нескршлив во своите намери за правда и цели за поправедно демократско и слободно општество. Општество на еднакви и слободомислечки луѓе. За време на целиот свој граѓански активизам проповедаше само љубов и ненасилство. Омилени методи му беа протестните маршеви, обвинувачките демонстрации и методата “sit in“(да се седи на места каде на црнците им беше забрането – во ресторани, хотели, паркови, автобуси и слично).
Мартин Лутер Кинг знаел и умеел да гледа на работите од поинаква перспектива: од перспективата на сиромашните, невработени црнци кои се обидувале да најдат работа со исти услови како и нивните бели соседи; од онаа на сиромашните бели работници, кои се грижеле да ги издржат нивните фамилии; и од онаа на претседателите и политичарите кои се обидувале да задоволат различни делови од гласачите. Токму затоа што овој голем ум можел да гледа, покрај од своја и од туѓа перспектива, тој постигнал големи успеси во своето дејствување.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…