Штипјани реагираат на бучава од мотоцикли, надлежните порачаа дека се на терен

t

\Група малолетници со своите мотоцикли низ штипските улици возат на едно тркало и создаваат силна бучава, вакво видео беше објавено на социјалноте мрежи, по што наиде на бурни реакции од граѓаните. Во однос на реакциите на граѓаните за постојана бучава од мотоцикли, како и за ваквите видео – снимки, од СВР Штип велат дека постојано се на терен.

-Ние како СВР Штип постојано сме на терен и ги санкционираме прекршоците направени не само од мотоциклистите, туку и од сите несовесни возачи и учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Со кампањите прво превенираме, а потоа и соодветно реагираме и санкционираме. Секако, и во конкретниов случај ќе преземеме соодветни мерки и активности, истакнаа од СВР Штип.

Посочуваат дека при последните две контроли СВР Штип одзеде 13 мотоцикли поради предизвикување поголема бучава. Од вкупниот број, 45 прекршоци при првите две контроли, 24 биле за неносење заштитна кацига за време на возењето, седум за управување мотоцикл без возачка дозвола, три за измината важност на осигурителната полиса, по еден за нерегистрирано возило и измината важност на сообраќајната дозвола и четири останати прекршоци. Последната контрола, пак, се спроведе во текот на денешниот ден во периодот од 8 до 14 часот и притоа одземен е еден мопед, а најмногу од прекршоците повторно се за неносење заштитна кацига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Верниците со молитва за иранскиот претседател Раиси…

Верниците се помолија за иранскиот претседател Ебрахим…

Украинците тврдат: „Го уништивме рускиот миноловец Ковровец“

Поморските сили на вооружените сили на Украина…

Во пукање во САД ранети се 11…

Во престрелката што се случила во центарот…

Рама: Единствен кој може да го собори…

Албанскиот премиер Еди Рама коментирајќи го односот…

Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со…

Иранскиот заменик-претседател за извршни работи Мохсен Мансури…