Гласачките ливчиња за изборите на 20 август поскапи за 600.000 денари, се јавил само еден понудувач

t

ДИК ги усвои измените на финансискиот план, прифати барања на набљудувачи и го утврди гласачкото ливче за дополнителните локални избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 60-та седница, ја усвои Предлог-одлуката за измена и дополнување на финансискиот план за распределба на средства за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на Општина Тетово.

ДИК ги усвои и барањата за акредитација на набљудувачи на изборите поднесени од Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак Сонце – девет набљудувачи и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) – шест набљудувачи.

Четвртата точка, утврдување на изгледот на гласачкото ливче, поради безбедносни причини за заштита и тајноста на содржината, ДИК ја разгледуваше без присуство на медиуми.

Пред да биде усвоена првата точка, потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, ја образложи потребата од донесување одлука за измени на финансискиот план за изборите.

– Според барањата кои ни пристигнаа од Комисијата за јавни набавки, пристигнати се понуди повисоки од финансискиот план кој ДИК го усвои претходните избори. Бидејќи немаме време да објавуваме нови постапки, треба да донесеме одлука за измени и дополнување на финансискиот план. Се работи за три ставки, и тоа во делот на паравани, гласачки ливчиња и беџови за набљудувачи. Во делот за беџови на набљудувачи треба да додадеме 5.000 денари, за паравани 30.000 денари и за гласачки ливчиња околу 600.000 денари, соопшти потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху.

Таа истакна дека за одреден дел на постапки имаат само еден понудувач.

– Треба да направиме анализа зошто ни се случува за гласачките ливчиња да имаме само по еден понудувач, нагласи Шеху.

Изборите за градоначалниcи на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на Општина Тетово треба да се одржат на 20 август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија тврди дека Украина го нападнала Крим…

Руските системи за противвоздушна одбрана уништиле четири…

Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…

Велика Сабота – денот меѓу смртта и…

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден…

121 ГОДИНА ОД СМРТТА: Ќе биде доделена…

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година…

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно со повремени врнежи од…

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно…