Во Штип и Свети Николе четири граѓани каснати од кучиња скитници

t

На подрачјето на Општина Штип во текот на вчерашниот ден во СВР-Штип пријавени се три случаи од граѓани каснати од кучиња скитници. Четвртиот случај е во соседно Свети Николе, каде што 73-годишна жена од Свети Николе пријавила дека околу 18.30 часот на ул.„Филип II“ во Свети Николе била касната од куче сопственост на Т.Н.

Инаку пред еден месец Општина Штип избра економски оператури за хумано заловување и третман на бездомните кучиња.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов по изборот на операторот од Куманово порача дека понатаму ќе бидат во комуникација и консултација со Здруженијата за заштита на животни, кои ќе бидат надзор над економскиот оператор дали соодвестува со сѐ она што е предвидено во тендерската документација да ги заловува, третира и чува бездомните кучиња.

Проблемот со кучињата скитници во Штип се провлекува со години, откако се прекина договорот со ветеринарната станица која како оператор се грижеше за киучињата оставени на улица, во импровизиран стационар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…