Објавено на:

Драма на небото: Руски воени авиони минале низ зоната на САД

t

Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД) денеска го објави третиот инцидент на руски воен авион кој минува низ зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска (АДИЗ).

Си-Ен-Ен објави два такви инциденти во вторникот.

АДИЗ е меѓународен воздушен простор во непосредна близина на Алјаска кој на некои места се протега на повеќе од 160 километри од територијата на САД. Војската на САД иницира процедури за идентификација на авиони кои минуваат низ АДИЗ во интерес на националната безбедност.

НОРАД не сакале да го откријат точниот ден на третиот прелет, само дека инцидентот е снимен помеѓу 8 и 10 август. Додаваат дека рускиот извидувачки авион не влегол во американскиот или канадскиот воздушен простор.

Американската војска објави фотографија од вториот инцидент, на која се гледа како Ф-22 лета во визуелен опсег на руски авион Ил-20.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип: Сообраќајот…

Од АМСМ известуваат дека поради сообраќајна несреќа…

Груевски: Хронолошки случувања на Велики Петок и…

ХРОНОЛОШКИ СЛУЧУВАЊА НА ВЕЛИКИ ПЕТОК И ПРЕВЕЗОТ…

(Видео) Голем пожар во Берлин: Затворени врати…

Берлинската противпожарна бригада ја предупреди јавноста за…

Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во…

На Денот на слободата на медиумите, американската…