Централен регистар се огласи за регистрацијата на здружението Цар Борис III

t

Централен регистар на Република Македонија во своето работење секогаш постапува и се води согласно постоечките закони во државата.

Во Законот за здруженија и фондации не се предвидени посебни одредби (Регистар) за спорни и негативни личности од историјата

Централниот регистар постапува согласно важечкиот Закон за здруженија и фондации во кој е наведено дека Правото на слободно здружување се остварува преку здружување во здруженија, фондации, сојузи и организациони облици на странски организации (во натамошниот текст: организации) за остварување на нивните цели, дејности и заштита на права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и закон.

Се забранува основање на организација ако програмата и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост презема активности поврзани со тероризам, презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и се повредуваат слободите и правата на други лица.

Во членот 65 и 66 од Законот за здруженија и фондации се предвидени случаите кога се забранува работата за организацијата. Согласно член 66 секој може и има право да поднесе иницијатива за забрана на организацијата пред надлежен јавен обвинител доколку дејствувањето е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, активности поврзани со тероризам, презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и се повредуваат слободите и правата на други лица.

Централен регистар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Почна операцијата на Универзитетот Калифорнија: Апсења…

Во кампусот на Универзитетот Калифорнија во Лос…

Франција нуди предлози за намалување на тензиите…

Француските власти денеска им презентираа предлози на…

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на…

Санкционирани се 157 возачи на територијата на…

Проверете ги сметките, започна исплатата на МојДДВ

Започна исплатата на повратот на ДДВ на…