Кисинџер: САД се на работ на војна со Русија и Кина за определени прашања
Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер (99) смета дека САД се „на работ на војна“ со Москва и Пекинг, „поради прашања“ кои самите ги создале, пренесе РИА Новости.
„Ние сме на работ на војна со Русија и Кина за прашања што самите ги создаваме, без поим како ќе заврши или каде ќе доведе“, изјави Кисинџер за The Wall Street Journal.
Тој истакна дека се што може да се направи е „да не се ескалираат тензиите“ и да се создаваат можности, но истовремено мора да има цел.
Кисинџер истакна дека претходно сметал дека најдобро решение за Украина би било „нешто како Финска“, која не е дел од Северноатлантската алијанса.
Но, бидејќи околностите се променија по руската операција, Кисинџер смета дека „вака или онака, официјално или не, Украина треба да се третира како членка на НАТО“.
Што се однесува до договорот за Украина, тој оценува дека за Русија решението на конфликтот веројатно би значело задржување на Крим и делови од Донбас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…