Македонците во Бугарија: Ова е само почеток, бугарските здруженија се проект на државата!
Провокација со задни намери. Македонците од Бугарија не се рамнодушни кога е во прашање напливот на бугарски здруженија со контроверзни имиња во земјава. Велат дека станува збор за добро смислена тактика позади која неофицијално стои бугарската држава, со цел легитимирање на спорните историските личности поврзани со фашистичката идеологија.
И додека Бугарија прави се за нивните граѓани, ние сме оставени сами на себе, огорчени се од ОМО Илинден Пирин.
Македонија прави сѐ да го загуби она што го има, односно ништо, за заштита и поддршка на македонското малцинство во Бугарија, дециден е Безев. Со години никој од македонската амбасада не се појавува на чествувањата на македонските дејци, а отсуствува дури и моралната поддршка од владите во Скопје.
За тоа време, велат од ОМО Илинден Пирин, со отворањето на бугарските здруженија во Македонија се реализира уште една замисла на властите во Софија.
Имињата дадени на здруженијата на Бугарите во Македонија предизвикаа сериозни реакции кај Македонците, но и кај еврејската заедница во земјава.
„Цар Борис Трети“, кој според голем дел историчари е одговорен за прогонот на Евреите од Македонија и “Цар Фердинанд”, кој ја застапувал идејата за Санстефанска Бугарија се имињата кои треба да осамнат на новите клубови во Охрид и во Богданци.
Како и во случајот со здружението “Ванчо Михајлов” во Битола, македонските институции немаат механизам за регистрирање на здруженија со спорни историски имиња, а Министерството за правда најави носење на Закон со кој ќе се регулира оваа материја.
Извор: Сител ТВ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тирана реагира зошто не се интонирала и…
Министерството за Европа и надворешни работи на…
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
Во Пустец ќе се одржи македонскиот фолклорен…
Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на…
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…