(Фото) Димитриевски ги полуде навивачите на Барса: „Па, кога не го купивме на време… Кога брани против нас се претвора во Лав Јашин“
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е најзаслужниот за ремито без голови на Рајо Ваљекано на гостувањето против големата Барселона на отворањето на новата сезона во Ла Лига.
Димитриевски веднаш е прогласен и за играч на мечот на „Камп Ноу“ благодарение на своите осум одбрани против каталонскиот тим, и максимално концентрираната игра пред големите напаѓачки имиња на домашниот тим.
За македонскиот голман ова е трет едноподруго меч против Барселона на кој нема примено погодок, поради што и сосема очекувано ги „полуде“ навивачите на Каталонците кои и тоа како се јавија со силни реакции по социјалните мрежи по синоќешното реми на „Камп Ноу“.
„Требаше да го купиме минатата сезона…“, „Димитриевски кога брани против нас се претвора во Лав Јашин (легендарниот руски голман, н.з.)…“, „Тој е толку добар голман, толку иритантен…“, „Ако го купевме минатата година сега ќе имавме три бода“ – се само дел од коментарите на фановите на Барса.
Но, затоа од друга страна презадоволни се фановите на Рајо Ваљекано кои не кријат дека главната благодарност за освоениот бод од Барселона треба да оди на „сметка“ на Столе Димитриевски.
„Димитриевски беше неверојатен вечерва… Сета благодарност за него“ – порачаа фановите на Рајо Ваљекано.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…