Иљче: ГРУБИ СЕ ПОФАЛИ – Со кратење на буџетот за македонски знамиња за 100%, фестивалот заштеди 10 000€
Првиот човек на Министерството за политички систем, фестивали и соживот, господинот Артан Груби, како секој одговорен промотер и организатор на успешни фестивали, денес, неполни 24 часа по завршувањето на „Фестивалот на мирот“, излезе пред јавноста за да положи сметки и да објасни зошто на настанот кој го слави мирот и соживотот нема знаме на државата во која би требало да се одржи тој мир и соживот, пишува Иљче од Кооперација во нов сатиричен текст.
– Тешко ми паѓа што мојата одговорност со народните пари се спинува како национализам или не дај Боже, сепаратизам. Јас само сметав дека кога веќе организираме настан платен од граѓаните, за кој веќе имаме огромно знаме, нема потреба да се трошиме и да истакнуваме други знамиња. И на крајот на краиштата, знаете како ви изгледа знамето, затворете очи и замислете си го. – изјави тој.
За неговото домаќинско работење пристигнаа честитки и од министерството за финансии, поточно од министерот Фатмир Бесими, кој ја пофали креативноста на својот колега и ги повика сите институции да го следат неговиот пример и целосно да ја избришат ставката за набавка на државни знамиња од буџетот на Нашата Земја.
Извор: Кооперација
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…
Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…
(Видео) Груби: Ќе има Албанец премиер во…
Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за…