Траги-комедија: Биле на “журката” за Рамковниот договор ама не знаат зошто е потпишан

t

Многу од граѓаните кои дојдоа на синоќешниот концерт одржан по повод 21-годишнината од Охридскиот договор, не ги знаеја причините поради кои се организира настанот. Најголем дел од оние со кои зборувавме, ни рекоа дека трошоците се непотребни со оглед на, како што велат, фактот дека Договорот сè уште не е целосно ни спроведен, а има и сиромаштија, економска и енергетска криза. Дел од граѓаните пак, сметаа дека настанот вреди.

Знаете ли зошто вечерва беше организиран концертот?

“Не, не знам, дојдов од Тетово. Дојдов од Тетово кога слушнав дека има концерт и не знам за што се работи. Значи, не ни треба концерт, ни треба работа бе брат. Ова не ни треба за концерти, гледате и самите дека има големо поскапување, ова за мене е џабе трошење. 100.000 евра се доволни да се изгради училиште за да образува ученици, а каде се градинките, училиштата, џамиите, каде е сè друго? Има и такви кои немаат леб да јадат. За мене ова воопшто не вреди, не е разумно бидејќи има голема невработеност, а да се дадат 100.000 евра”, изјави еден граѓанин.

“Да ви кажам право, вечерва дојдов од странство, ми рекоа дека имало концерт и дојдов”, рече еден друг граѓанин.

“Јас сега полнам 20 години, брат. Добро, дали знаеш за што е потпишан Охридскиот договор? Не!”, додаде еден друг граѓанин.

“Не знам дали вреди или не, не знам кој плаќа, атмосферата е добра за иселениците, мислам дека не е грешка, но 100 илјади евра подобро да се инвестираа на друго место отколку овде”, рече еден граѓанин.

“Се организира за печалбарите дојдени од печалба! За што? Се организира поради 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор… Аааа, ништо не е завршено, ништо не е направено 21 година. Дали е завршено нешто? Не! 100.000 евра вредат за нашата младина, зарем не вреди за Договорот, за доброто на младите, нека се забавуваат малку, нека го испуштат стресот од невидената невработеност, а утре пак ќе биде исто”, рече една граѓанка.

“Верувам дека е многу подобро отколку што беше, вроди со плод, особено за Албанците, почнувајќи од вработувањата, учеството на Албанците во институциите, раководењето со институциите и слично”, додаде друг граѓанин.

“100 илјади евра! Повеќе од 200 илјади”, рече еден граѓанин.

“Работата е катастрофа, за Македонците да, но за Албанците оди надолу”, изјави еден граѓанин.

“Има и нема, ситуацијата не е како што треба”, додаде друг граѓанин.

Извор: Alsat.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово го ратификуваше договорот со Македонија за…

Собранието на Косово го ратификуваше договорот потпишан…

Османи: Постигнат договор за дел од американскиот…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека…

Кузеска: Мицкоски и Таравари да не кријат…

Стево Пендаровски ќе биде кандидат за претседтел…

Анкара и Приштина потпишаа договор за воена…

Министерот за одбрана на привремените институции на…

Се создава „чудовиште“? Русија и Иран ќе…

Москва и Техеран ќе потпишат голем меѓудржавен…