Петровска: В четврток гледајте го филмот „Брз одговор 22“, поддржан е од нашиот силен и доверлив сојузник во НАТО – Обединетото Кралство
Документарниот филм за најголемата воена вежба во С. Македонија „Брз одговор 22“ ќе се емитува на Денот на Армијата, 18 август на МРТ 1, објави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.
– Низ објективот на камерата погледнете ги импресивните капацитети на армискиот полигон Криволак, отсликани преку заложбите и успешноста на НАТО силите да одговориме и да се поддржиме едни со други како сојузници. Филмот е поддржан од нашиот силен и доверлив сојузник во НАТО – Обединетото Кралство, а е во продукција на „360 степени“ кои работеа заедно со 77-та бригада на британските одбранбени сили, објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.
Министерката потсетува дека филмот на МРТ почнува во 17:45 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Делчево ќе добие современа спортска сала –…
Министерството за спорт продолжува со реализација на…
ЕУ планира данок од 3% за дигиталните…
Европската Унија предлага данок од три проценти…
Мицкоски: Избрана трасата за експресниот пат Кочани…
Почетокот на изградбата на експресниот пат што…
Родителите на загинатите во „Пулс“: Со над…
Семејствата на загинатите во пожарот во кочанската…
Мицкоски: Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за…
Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за општините,…