Објавено на:

Бегај денеска во Косово, во прва официјална посета на една држава како претседател на Албанија

t

Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај ќе престојува денеска во Косово, на покана на неговата косовска колешка, Вјоса Османи, што ќе биде негова прва официјална посета на една држава по преземањето на функцијата на чело на Албанија на 24 јули годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти кабинетот на Османи, таа го поканила нејзиниот хомолог да го посети Косово, по повод почетокот на неговиот мандат како претседател на Албанија.

Според агендата, Бегај претпладнеутрово во 10 часот ќе биде пречекан од Османи со високи државни почести на плоштадот, по што двајцата претседатели ќе имаат билатерална сртедба, а потоа ќе дадат изјави за медиумите.

Најавено е дека за време на престојот во Приштина Бегај ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца и со премиерот Албин Курти.

Бајрам Бегај, роден 1967 година, по професија професор и специјалист по медицина, ангажиран и во албанската армија, беше избран од Собранието на Албанија за претседател на Републиката на 4 јуни, а должноста од неговиот претходник, Илир Мета ја презеде на 24 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…