Косово бара од Албанија потпишување трактат за заедничка одбрана
Претседателката на Косово, Вјоса Османи оцени дека е стасано времето за потпишување трактат со Абанија за заедничко реагирање во случај на загрозување на двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.
Османи за ова разговарала за време на денешната средба со нејзиниот албански колега, Бајрам Бегај, кој утрово допатува во официјална посета на Косово, при што беше пречекан со високи државни почести.
Важно е со Албанија, како што разговаравме, да имаме еден трактат за меѓусебна одбрана, со кој реципрочно ќе реагираме во случај на загрозување на нашите две држави – изјави Османи на заедничката прес-конференција со Бегај.
Според косовската претседателка, оваа пракса е „во согласност со меѓународните пракси и се применува од многу држави“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…
Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…
Русија подготвува огромен потег по изборите, Зеленски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев…
Иран пронајде богатство под земја! Откриено гасно…
Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес…