Објавено на:

Курти: Србија е кошмар, продолжува со старите соништа

t

Косовскиот премиер, Албин Курти ја повика Србија да се откаже од национализмот, оценувајќи дека Белград продолжува „со старите сништа, кои станаа ноќен кошмар за нивните соседи, но и за самиот српски народ“.

Во денешното интервју за „Фајненшл тајмс“, што го пренесуваат медиумите во Приштина, Курти вели дека „една симетрија на правата на малцинствата“ од двете страни би била „најефикасната борба против национализмот“.

– Тука мислам дека е проблемот со Белград. Тие продолжуваат со старите сништа, кои станаа ноќен кошмар за нивните соседи, но и за самиот српски народ. Една симетрија на правата на малцинствата, исти права за Србите во Косово и за Косоварите во Србија, би била најефикасната борба против национализмот, изјави Курти.

Според косовскиот премиер, постои јасна опасност од руска вклученост во односите меѓу Косово и Србија, со што се зголемува можноста за конфликт.

– Вознемирени сме, но не и уплашени. Како ќе се развива ситуацијата ќе зависи многу од односот и притисокот на западните демокрации врз Белград, изјави Курти.

Тој побарал од западните сили да го помогнат Косово во неговите амбиции за зачленување во ЕУ и НАТО, како и да го зголемат притисокот врз Србија со цел да се решат децениските тензии кога е во прашање државноста на Косово.

– Ние имаме потреба од помош од нашите сојузници и партнери, Обединетото Кралство, САД, Германија, Франција, Италија и другите, за да помгонат во однос на тие кои не нé признаваат, изјави Курти за ФТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…