Светски икони – мода, филм, музика, стил: Елвис Присли повторно се враќа на сцена
Без песна денот никогаш не би се завршил.
Без песна човек не би имал пријатели.
Без песна, патот никогаш не би скршнувал…без песна.
Елвис Присли
Елвис Присли е бесмртна легенда на рокенрол музиката. Неговите современици неизмерно го почитуваа. И денес, современите музичари, покажуваат огромна почит кон неговото музичко дело(стил, музика, личност). Едноставно, Елвис не се симнува од јавната сцена. Повторно го врати во живот биографскиот филмски спектакл едноставно натечен “Елвис“, кој веќе неколку месеци ги полни кино-салите низ светот.
Поминаа 87 години од неговото раѓање и 45 години од кога прерано почина, а неговата музика и понатаму е актуелна – слушана, преработувана, изведувана. Имаше краток, ама бурен живот. Беше духовен тип, кој ја обожаваше госпел музиката. Иако роден во Тупел и израснат во Мемфис, познати градови на расната сегрегација во САД, тој цел живот ги обединуваше луѓето преку својот музички перформанс. Од тие причини и понатаму е во нашите мисли, во нашите животи, каде и вечно ќе остане.
Привлечноста на Елвис се состои во тоа што тој на преден план ги ставил младоста, дивиот изглед и забавата. Неговото музичко дело пред се било оригинално и инвентивно. Тој на најкреативен начин ги изведувал своите музилки точки. На преден план беше неговата порака на уметник кон публиката. Тој беше генијален во начинот на пренесување на своите пораки. Неговите движења со колковите и стилот на облекување им праќаа јасни пораки на тинејџерите гладни за слобода, независност и забава. ‘’Не мислам дека правам било што лошо’’ изјавуваше Присли. Младите му веруваа, а повозрасните на почетокот мислеа дека рокенролот е непримерен музички стил. Тие што ја познаваат музиката, знаат дека тој успеал и победил во моментот кога одлучил како белец да пее црнечка музика.
Неговата музика беше толку стилски различна и што тој стана музички идол на многу идни музички ѕвезди како што се Битлси, Ролингстоунси, Ерик Клептон, кои се обидуваа да го фатат ритамот на Елвисовите блуз балади. Според мене кога Присли ги пее неговите блуз балади, неговиот перформанс доживува врвно музичко крешчендо. На музички план него го следеа многу ѕвезди од седумдесетите и осумдесетите години од 20от век, затоа што тој имаше оригинален и иновативен дух, кои се најнеопходни за рок музичарите. Исто така тој отскокнуваше со својот интегритет, затоа што неговите идеи во музиката и за промените во општеството секогаш беа прифаќани од младите генерации.
Рокенрол музиката, поттикнувана од оригиналноста и генијалноста на Елвис, ги менуваше и на посебен начин ги изразуваше општествените вредности. Едноставно тој успеваше да покаже дека музиката може на секој еден човек да му ги исполни сништата. И после 60 години од златното време на рокенролот, оваа музика и денес има иста улога во општеството – ги поврзува луѓето без разлика на пол, општествен статус, националност или религија.
Елвис Присли беше и остана идол на многу музичари. Без него ќе ги немаше и Битлси, факт што го призна самиот Џон Ленон. Мик Џегер изјави дека никој не му е равен, и никогаш никој нема и да му биде. Џо Кокер го истакнува како најголем блуз пеач, но можеби највпечатлива е мислата на познатиот Френк Синатра: ‘’Јас сум само пеач, Елвис е олицетворение на целата американска култура’’. Факт е дека Елвис не го измисли рокенролот. Но, исто така факт е дека неговиот величенствен глас со неверојатен распон од раскалашеност и бунтовност до ангелска нежност, разорно добриот изглед и пулсирачката изведувачка харизма, воодушевуваа милиони и милиони љубители на музиката низ целиот свет.
Тој е светска ѕвезда, кој на белата публика и ги донесе блузот и госпелот, нешто што пред него никој не го направи. А токму тој негов музички спој денес е основа на популарната музика. Машките сакаа да бидат како него, а женските со него. Затоа, тој стои рамо до рамо со американската икона Френк Синатра, англиските ѕвезди Битлси и Ролингстоунси, и француската шансоњерка Едит Пјав – музички дивови кои од светот на музиката, поминаа во светот на нациите и станаа дел од нивниот идентитет. Дефинитивно најголем музички бренд што светот било кога го имал. Дека е најголема светска музичка ѕвезда покажува и податокот што секоја година милиони негови обожаватели го посетуваат Грејсленд, неговата вечна куќа, и секогаш одново и одново ја одземаат неговата биста како сувенир. Тоа е ритуал кој вечно трае.
Елвис Присли е најсаканиот пеач и најобожаваниот забавуваш на сите времиња. Тој беше човек-дете. Постоеше нешто мистично во неговиот глас. Ставот и стилот му беа инвативни и оригинални. Движењата на телото му беа неверојатно софистицирани и провокативни. Просто зарачеше со сексипил. Музичката приказна му беше победничка. Долгокос бунтовник, дисциплиниран војник, омилен син, обожаван од милиони тинејџерки. Претседатерли на САД го примаа во Белата куќа или постојано беа на телефонска линија со него. Сенатори, гувернери, филмски, спортски и музички ѕвезди се сликаа со него. Тој едноставно беше магнет. Алхемичар кој музиката ја претвораше во многу љубов и забава за милиони луѓе.
Не беше прв рокенрол пеач, ама сигурно беше прва рокенрол ѕвезда. Суперѕвезда.
Рекордите на Кралот Елвис: Снимени песни – 107; Продадени плочи – 800 милиони; Филмови -31 светски хитови; Билборд топ листа – 18 светски хитови број еден; Билборд топ листа – 9 албуми; Оставил 5 милијарди вредно наследство; Најпознати музички хитови: Heartbreak hotel, Don6t Be Cruel, Love Me Tender, It’s Now Or Never, Are You Lonesome Tonight, Surrender, Suspicious Minds и многу други.
Митот за Елвис и понатаму трае. Неговата музика е бесмртна.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…