Маж од Мала Речица прегази девојка (23) во Тетово, со тешки повреди пренесена на Клиника
Тетовската полиција информира дека ноќеска тешко е повредна 23 годишно женско лице откако во неа удрило патничко моторно возило.
Настанот се случил околу 21 часот и 50 минути на булеварот „Видое Смилевски-Бато“.
-Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П.(49) од тетовска Голема Речица удрило во 23-годишната Т.Р.(пешак) од тетовско Сараќино.Во несреќата Т.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…
Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…
МНР: Граѓаните да се воздржат од патувања…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…
Тренчевска: Без грам чувство за семејствата, ВМРО-ДПМНЕ…
Пратеничката на СДСМ остро реагираше за однесувањето…
Мотоциклист прегази 60-годишна жена во Дојран
Тешко е повредена 60-годишна жена откако во…
Иран: Повторно е погоден нуклеарниот објект Фордо
Подземниот нуклеарен објект на Иран, Фордо, повторно…