„Отстапката за цар Самоил, била за да не се усложнел приемот на Македонија во НАТО!“

t

„Македонското министерство за надворешни работи ги објави препораките на заедничката мешана историско-образовна комисија меѓу Македонија и Бугарија. Во согласност со препораките, цар Самуил, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум, на одредени јубилеи и значајни датуми, ќе се чествуваат заедно со делегации од Македонија и од Бугарија. Неколкумина познавачи на оваа проблематика соопштија дека препораките се проблематични од неколку аспекти и оти како такви ќе предизвикаат бурна реакција во македонското општество.“ – се вели во статијата со наслов „Проблематични препораки на историската комисија“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Во статијата пишува: „Членовите на мешаната комисија за историски и образовани прашања на Македонија објавија усогласени препораки за заедничко чествување одредени историски личности, како и за промени во учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Македонија. Цар Самуил, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум на одредени јубилеи и значајни датуми ќе се чествуваат заедно со делегации од Македонија и од Бугарија.

„Нова Македонија“ се посоветува со неколкумина познавачи на оваа проблематика, кои во наредните денови ќе објават официјален став. Во оваа пригода накратко ни соопштија дека препораките се проблематични од неколку аспекти и како такви ќе предизвикаат бурна реакција во македонското општество. Според нив, во препораките преовладуваат ставовите на бугарската историографија. Во овој контекст е укажувањето во препораката дека цар Самуил е владетел на голема средновековна држава, која ‘поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско Царство’ со центар во територијата на денешната македонска држава.“

„Според угледни европски и светски историски научници, во светската историографија постои поделеност околу карактерот на Самуиловата средновековна држава, во смисла дека тоа е нова држава со седиште на територијата на денешната македонска држава, а тоа го нема во препораките на комисијата за историски и образовни прашања. Оваа отстапка од македонска страна е направена непосредно пред зачленувањето на Македонија во НАТО, со цел да не настанат компликации околу приемот во оваа воена организација.“

„Досегашното работење на комисијата за историски и образовни прашања беше проследено со неколку контроверзии. Македонските и бугарските членови на комисијата усогласија препорака за заедничко чествување на Григор Прличев. Тоа беше потврдено од Драги Ѓоргиев. Меѓутоа, подоцна бугарските членови отстапија од усогласената препорака, поради тоа што во неа се вели дека Григор Прличев бил значаен и за македонската култура.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…

Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…

Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…

Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…

Путин ја презема одговорноста за нападите на…

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…

Oбид за убиство во гостиварско Чегране

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Димовски: Србија го следи примерот на македонската…

Политичките случувања и протестните движења во Србија…