Русковска го чешла постапувањето на Максути за сервисирањето на канадерите
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОК) прави анализа на документите поврзани со јавната набавка на противпожарните авиони, потврдуваат за МКД.мк од Обвинителството. Детали не се споделуваат бидејќи, како што велат од ОЈО ГОК се работи за предистражна постапка која е тајна. Се работи за злоупотреба при тендерската постапка за сервисирање на леталата за гаснење на пожар од Дирекцијата за заштита и спасување со која раководи Беким Максути.
ВО ОЈО ГОК СЕ ВОДИ ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА

„Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со сервисирањето на противпожарните авиони – канадери спроведува предистражна постапка. Во моментов се анализира прибавената документација поврзана со јавната набавка, по што ќе биде донесена одлука за понатамошниот тек на постапката. Со оглед на тајноста на предистражната постапка во моментот не може да се споделат повеќе детали за овој предмет”, е одговорот што нашата редакција го доби од ОЈО ГОК.
Ова значи дека е отворена неформална постапка за собирање докази, во фаза кога кривичното дело или неговиот сторител сѐ уште не се откриени во целост, а ја спроведува полицијата по службена должност или по барање на јавниот обвинител.
Предистражна постапка се води со цел на јавниот обвинител да му се обезбеди материјал за да може да оцени дали согласно со собраните докази има основи на сомневање дека определено лице сторило кривично дело, за да може да донесе наредба против него за спроведување на истражна постапка. Во спротивно јавниот обвинител ќе ја отфрли кривичната пријава.
Воздухопловните канадери наречени „ер-трактор”, кои од небо треба да помагаат во гаснењето на пожарите, не беа во функција неколку години. Едни од најефикасните оружја во борбата против пожарите чекаа тендер, оти немаше кој да ги сервисира. Додека се чека тендерската постапка, овие корисни летала минатото лето, каде што имаше оган ги заменува хеликоптери на АРМ.
Трите канадери што имаат капацитет да наполнат повеќе од 3 тони вода се во надлежност на ДЗС, но подолго време немаше фирма што е овластена за да им направи сервис и да може тие да се вивнат и да бидат во функција тогаш кога најмногу се потребни.
Извор: МКД.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепале, ја снимале и ѝ ги…
Две малолетнички од Скопје се приведени откако,…
Од 24 на само 4 степени во…
Голем температурен пад за само 24 часа…
Трамп за денешниот инцидент во европска земја:…
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд…
УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Св. Архангел Михаил…
Архангел Михаил е водачот на небесните војски…
Трамп ја опиша атмосферата од средбата со…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…