Наредена е, не паничете: Македонските учебници што доцнат може ќе се надокнадат со зголемен бугарски извоз
Професорот Љубомир Цуцуловски на Фејсбук го коментира доцнењето на печатените учебници во основното образование, а воедно “смирува” велејќи да не се гружиме, можеби бугарски учебници ќе ги заменат македонските.
“НАРЕДЕНА Е! „Паничарите“, „малодушниците“ и „спинерите“ повторно ја вознемируваат македонската јавност. Според нив, на почетокот од школската година (ево го каде е – доаѓа само за неколку дена) ќе имало недостиг на одредени учебници, оти не биле отпечатени. Овие „паничари“ од луѓе (ако се луѓе!), овие угурсузи од нелуѓе, чуле ли дека постои увоз? А постои, почитувани! Ако е така, тогаш постои и увоз на учебници. Од каде? Како од каде? Еве ја Бугарија – едвај чека да ја извезе „својата“ историја. Значи, и своите учебници. Затоа, без грижа. Наредена е. Можеби причината за доцнењето на учебниците е токму на овој план – зголемен македонски увоз, како услов за зголемен бугарски извоз.”, напиша Цуцуловски на Фејбук.
ЛИНК од објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечна оценка од државната матура е 3,66,…
Просечната оценка од полагањето на матурата во…
Јаневска најави можно затворање на универзитети во…
Министерката за образование Весна Јаневска најави можно…
Аларм во Просветен инспекторат: Каде е и…
Извори на Инфомакс алармираат за неправилности во…
Пратениците гo намалија бројот на стипендии за…
По скратена постапка денес во Собранието беа…
Јаневска: Доколку не вложуваме во вештачката интелигенција…
Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е…