Маричиќ: Целта на Македонија е да биде дел од првото наредно проширување на ЕУ
Евроинтеграцијата не зависи само од нас и не е добро да се лицитира со датуми, затоа што не можеме да предвидиме точно кога ќе се случи. Нам ни е цел првото наредно проширување, кога и да се случи, Македонија да биде дел од тоа проширување и тоа е достижно ако работиме интензивно на имплементација на стандардите на ЕУ и доколку ги водиме преговорите како што треба со ангажман на институциите и целото општество, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.
-Ако ги гледате извештаите на ЕК, Северна Македонија анализирано по кластери стои подобро или еднакво добро во најголем дел од кластерите со државите кои веќе преговараат 10 години. Тоа значи дека ние не сме го изгубиле времето во чекална и дека сме работеле интензивно на усогласување и на прописите и на праксата, на нивно имплементирање. Секако дека имаме многу работа, далеку од тоа дека работата е завршена но треба да си поставиме амбициозни цели за да можеме да исполниме во некој реален рок. Гледано, најоптимистички оваа рамка за претпристапна помош завршува 2027 година и ние треба да работиме и да се бориме наредната претпристапна рамка да важи за што помалку држави, односно да бидеме држава членка, вели Маричиќ запрашан за оптимизмот на премиерот Ковачевски дека очекува побрза интеграција по примерот со НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Исланд референдум за продолжување на преговорите…
Исланѓаните денеска на референдум треба да се…
Јадранка Косор повика Хрватска да ги блокира…
Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор ја повика…
Бугарија доби 489,3 милиони евра од ЕУ…
Бугарија денес ја доби првата исплата од…
ЕУ испраќа претставници во Кина за да…
Група претставници на ЕУ во наредните денови…
Украина ќе добие над 6 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…