Објавено на:

Се слушаат експлозии: Се’ уште не е изгаснат пожарот во руската воена база на Крим

t

Во руската воена база во близина на Џанкој на Крим денеска, еден ден по нападот, сè уште има пожар и се слушаат експлозии од магацинот за оружје.

Вршителот на должност премиер на Крим, Сергеј Аксјонов изјави дека пожарот се гасне и од воздух со хеликоптер. Тој исто така наведе дека се трага по извршителите на нападот.

Поради пожарот и експлозиите евакуирани се повеќе од 3.000 луѓе.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека експлозиите во складиштето за муниција на Крим се саботажа.

„Скај њуз” (Sky News) објави дека нападот е извршен од украинските специјални сили кои дејствуваат во Крим, кој е под руска окупација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица загинаа во украински напад врз…

Три лица загинаа, а две се ранети…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…