Коалициониот на Мицкоски ќе го доалбанизирува Тетово
Не загадениот воздух, ниту недостатокот на вода за пиење или сообраќајниот хаос во градот, главна тема на предизборната кампања за Советот на Општина Тетово стана промената на имињата на некои улици. Иницијативата е на градоначалникот Касами, а ја поддржуваат речиси сите политички партии на Албанците кои излегуваат на вонредните избори за нов Совет. Тие бараат голем дел од улиците кои сега ги носат имињата на личности од македонската, југословенската и светската историја да се преименуваат во личности од албанската историја, меѓу кои и припадници на УЧК.
Деновиве, Касами потпиша меморандум за соработка со извесно Академско здружение на Албанците за наука и уметност, со кој, меѓу другото, ќе се бара промена на имињата на некои улици во Тетово.
„Го направивме првиот чекор во насока на отворање јавна дебата во врска со оваа многу важна иницијатива за општината. Со овој меморандум за соработка ќе се овозможи изготвување стратегија која ќе биде во согласност со законите и со која улиците во Тетово ќе носат албански имиња и на градот ќе му се вратат културата и традицијата што му доликуваат. Ќе бидат вклучени сите категории граѓани кои се заинтересирани и засегнати за именување патишта и институции на локално ниво“, изјави Касами.
Барањето за промена на имиња на некои улици во Тетово не е ново. БЕСА и ДУИ се залагаа за ова и во 2019, но не успеаја да го реализираат. Во 2007, тогашното општинско раководство ги промени имињата на 20-ина улици, па така плоштадот и главниот булевар кои го носеа името Маршал Тито беа променети во Илирија, улицата ЈНА во Дервиш Цара, а улицата Иво Рибар Лола беше поделена на три дела, од кои два добија албански имиња. Иако оваа одлука беше усвоена од тогашниот Совет на општината, таа не беше прифатена и од Министерството за транспорт, па сега во локалната комуникација Општината ги користи новите имиња, а во државната комуникација улиците и натаму се водат под старите имиња
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ученичка била физички малтретирана од нејзината мајка,…
На 18.11.2026 во 11:30 часот во СВР…
Сајбернапади кај надворешни добавувачи на „Џеј Пи…
„Џеј Пи Морган Чејс“, „Виза“ и „Мастеркард“…
„Аксиос“: Трамп разгледува нов напад врз Иран,…
Белата куќа побарала од Пентагон и од…
Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…
Мицкоски: Македонија е на иста маса со…
Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…