Објавено на:

(Видео) На високиот претставник за БИХ му пукна филмот: Германецот заборави на своите манири и се дереше како недоветен

t

Високиот претставник за БИХ Кристијан Шмит кој не го признава Република Српска, при денешната посета на Горажде зборуваше за измените на Изборниот закон и деблокирањето на Федерацијата БиХ, при што многу бурно реагираше.

Шмит очигледно бил лут поради неактивноста на политичарите, но и поради наводите дека е вклучен во политички игри.

По новинарското прашање зошто при изготвувањето на измените не се фокусирал на правата на другите, Шмит реагираше многу отворено и бурно.

– Срање, целосно срање. Луѓе, јас не дојдов да седам и да стојам овде, се грижам за оваа земја. Ова е град во кој луѓето ги загубија животите, а ние (ОХР) не сме тука да играме политички игри. Политичарите ги играат и ми е преку глава од тоа. Жал ми е што сум гласен, но инсинуациите кои ми се над глава и се неточни – изјави Шмит.

После тоа додаде.

-Политичарите во оваа држава 15 години не можат да се договорат за Изборниот закон, прашајте ги зошто не е сменет. Многу се лутам затоа што сите овде ги обвинуваат сите други и секогаш е некој друг крив – рече тој видно изнервиран.

Тој, исто така, повтори дека е крајно време политичарите да седнат и да почнат да работат и дека нема да прифатат постојани обвинувања дека го доведува во прашање територијалниот интегритет на државата или другите во Босна и Херцеговина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во делови од земјата појава на град,…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира…

Трамп се закани дека ќе ги удвои…

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот најави…

Апасиев: Филипче не знае каде тера, прво…

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во изјава…

Студентите и оваа година ќе добиваат 840…

За академската 2026/2027 година, студентите кои ги…

Исчезна скопјанец – семејството моли за помош…

Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава. Од…