Објавено на:

Русија распореди авиони МиГ-31 со хиперсонични ракети во Калининград!

t

Три авиони-пресретнувачи МиГ-31 со хиперсонични ракети воздух-земја Кинжал се распоредени во Калининград, западната енклава на Русија, соопшти руското Министерство за одбрана.

Авионите беа преместени на аеродромот Чкаловски во Калининградската област како дел од „дополнителните стратешки мерки за одвраќање“, објаснуваат од Министерството.

За време на летот, МиГ-31 имаа интеракција со руските сили стационирани во областа, како и со поморската авијација на Балтичката флота, се додава во соопштението.

Авионите вооружени со ракети „Кинжал“ ќе бидат распоредени 24/7 на борбена задача во Калининград, соопшти Министерството за одбрана.

Финска подоцна ја обвини Русија дека МиГ-31 го нарушил нејзиниот воздушен простор над Финскиот залив додека бил на пат до нивната дестинација. Според финското Министерство за одбрана, покрената е истрага за инцидентот.

„Кинжал“, што значи „кама“, може да лета со брзина од 12 мах (околу 14.800 км/ч), постојано изведувајќи маневри за избегнување, за кои се верува дека ќе му овозможат да навлезе во секоја постоечка противвоздушна одбрана. Неколку од овие проектили беа истрелани од Русија за време на конфликтот во Украина, соопшти Министерството за одбрана.

Кинжал е еден од неколкуте хиперсонични системи развиени за војската во последниве години, заедно со системот Авангард и ракетите Циркон што ги користи морнарицата.

Во Калининград, кој граничи со Полска и Литванија и има пристап до Балтичкото Море, распоредени се и ракети Искандер со нуклеарен врв.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Орбан со чудна порака по повод…

Како што пренесува порталот „Унгарија денес“, Орбан…

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот…

Украина се соочува со „нова фаза“ на…

Бербок ја обвини Русија за сајбер напад…

Германското Министерство за надворешни работи ги покани…

Захарова ги предупреди Вашингтон, Лондон и Брисел:…

Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…