Објавено на:

Теодоракис: Не е точно дека Грција е центар за обука на терористи

t

Изјавите на турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу дека Грција е центар за обука на терористи се провокативни и немаат врска со вистината и реалноста и цела Европа го знае ова, вели министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос, јави дописничката на МИА од Атина.

Теодорикакос, додава дека „Турција продолжува да ги злоупотребува несреќните луѓе, нелегални мигранти, како што го стори тоа во март 2020 година, туркајќи ги, многупати насилно, кон нашите граници, кои се границите на Европа со Турција“.

„Нема да го дозволиме тоа. Ги браниме нашите граници во име на меѓународното право“, истакна грчкиот министер.

Како што пренесуваат грчките медиуми, министерот за внатрешни работи на Турција, Сојлу рекол дека Грција обучува членови на ПКК во Лаврио во близина на Атина, по што следеше и демантот од Теодорикакос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…

Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Силен земјотрес го погоди југоистокот на Турција

Земјотрес со јачина од 5,4 степени е…