Расте бројот на банкротирани компании во Европа
Бројот на пријави за стечај во Европската унија се зголемил за 2,2 отсто во периодот од април до јуни 2022 година, покажуваат најновите податоци на европската статистичка агенција „Еуростат“.
„Според сезонски прилагодените податоци, бројот на барања за прогласување банкрот во вториот квартал од 2022 година е зголемен за 2,2 отсто во ЕУ и за 2,5 отсто во еврозоната во однос на првиот квартал“, се вели во извештајот на агенцијата, без да се прецизираат апсолутни бројки.
Според „Евростат“, четврти квартал по ред се зголемува бројот на пријави за стечај.
Латвија забележа најголем пораст на пријавите во извештајниот период, при што бројот на компании кои поднесоа барање за стечај скокна за 74,4 отсто. По неа следуваат Белгија која забележа раст од 14,7 отсто и Данска (11,9 отсто), пренесува денеска „РТ“.
„Евростат“ наведува дека во тој период барања за стечај поднеле компании од речиси сите економски сектори на ЕУ. Во споредба со периодот пред пандемијата Ковид 19, особено е зголемен бројот на апликации во дејностите транспорт, складирање, сместување и подготовка на услуги за храна.
Прогласувањето стечај подразбира судска постапка над несолвентен деловен субјект, преку негов стечај или реорганизација, со цел намирување на доверителите. Не секогаш стечајот води до престанок на работата на компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната европска пензија во 2022 година била…
Пензиите се главен извор на приход за…
Кина: Го поддржуваме планот на Украина, Европа…
Кина го поддржува 30-дневниот прекин на огнот…
Џеј Ди Венс: САД и Европа се…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денес изјави…
РЕКОРД: Бројот на банкроти во Европа на…
Бројот на банкроти во Западна Европа минатата…
Лавров: Речиси цела Европа води војна против…
Речиси цела Европа води војна против Русија…