(Видео) Најмалку 16 лица се повредени при испарување на непозната течност во Хрватска
Попладнево се случил инцидент во Тухељски Топлице, на северот од Хрватска, при што најмалку 16 луѓе се повредени и хоспитализирани откако испарила непозната хемикалија.
Како што пренесуваат регионалните медиуми, евакуирани се сите гости, главно туристи од Словенија, Италија и Германија, како и вработените.
Двајца од повредените се префрлени на лекување во Загреб, а останатите 14 се згрижени во Општата болница Забок. Повредените, главно, се жалат на проблеми со дишењето.
Директорот на болницата Забок, Тихомир Ванчина изјавил дека еден од повредените е примен на одделението за интензивна нега. Имал тешкотии во дишењето и превентивно е хиспитализиран на тоа одделение. Од другите пациенти, двајца се на кислородна поддршка.
Пријавата дошла од вработени и посетители, кои се пожалиле на непријатен мирис на хемикалија, но и на респираторни проблеми кај гостите кои во тој момент се наоѓале во просторот за капење.
Евакуацијата почнала околу 18.10 часот, а засега не се знае за каква точно хемикалија станува збор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…
Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…
Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…
Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…
Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…
Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…
Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…
Синоќа во болница завршиле двајца вработени на…
Синоќа биле повредени двајца вработени на ЈП…