Објавено на:

Абазовиќ: Организираниот криминал продолжува да владее со Црна Гора

t

Довчерашниот премиер на Црна Гора Дритан Абазовиќ во првата изјава по изгласувањето недоверба на неговата влада во парламентот рече дека работите сега се многу појасни и упати честитки за „новата коалиција на Алекса Бечиќ и Мило Ѓукановиќ“.

Подготвени сме да извршиме примопредавање. Ова е најинклузивната Влада што некогаш постоела, без реваншистички однос кон никого. Би сакал секоја наредна да биде таква, рече синоќа Абазовиќ на прес-конференција во Парламентот на Црна Гора.

Тој рече дека жали што организираниот криминал продолжува да ги користи краците за да ги уредува политичките односи.

Горд сум на сето она што го направивме за 100 дена. Ќе останеме запаметени како влада која траеше најкратко. Ќе направиме се за владата што ќе се формира по изборите да ја води Црна Гора во ЕУ, рече Абазовиќ, пренесува РТЦГ.

Тој рече дека УРА нема да учествува во Влада доколку се формира пред нови избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…