Шојгу: Идејата за забрана за влез на сите Руси во ЕУ е нацистичка
Идејата за забрана за влез на сите руски граѓани во ЕУ е манифестација на нацистичката политика, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Денес сме сведоци на уште една јасна манифестација на нацистичката политика, кога високи европски функционери ја туркаат русофобната идеја за блокирање влез во земјите на ЕУ на сите Руси“, рече Шојгу за време на своето обраќање на состанокот на првиот меѓународен антифашистички Конгресот во Москва, пренесува ТАС С.
Литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис оваа недела повика на суспендирање на издавањето визи за руските граѓани на ниво на целата Европска унија, објавија литванските медиуми.
Забраната е поддржана од земји како Финска и Естонија, но против се германскиот канцелар Олаф Шолц и Европската комисија, пренесува Танјуг.
Чешката Република како актуелен претседавач со ЕУ, најави дека за ова прашање ќе се разговара на министерски состанок на крајот на август.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Македонската амбасада во Киев погодена во руски…
Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…