Инцидент кај фабрика за оружје во Албанија, уапсени три лица со руски и украински пасоши

t

Пред фабрика за оружје во албанскиот град Грамш синоќа се случи инцидент, кога три лица, две со руски и едно со украински пасош се обиделе тајно да влезат во фабриката, потврди министерството за одбрана.

– Веднаш реагирале војниците кои го обезбедуваат објектот, но при напорите да се спречат тројцата странски државјани, повредени се двајца наши војници. Тие се под грижа на лекарите во клиниката за трауматологија во Тирана, стои во соопштението.

Полицијата соопшти дека во комесаријатот во Елбасан приведени се двајца мажи, Русин и Украинец и една Русинка.

Во истрагата за расветлување на околностите на инцидентот е вклучена и агенцијата за разузнавање.

Според медиумите во моментот кога војниците им се приближиле, дошло до физичка пресметка меѓу војниците и трите лица, кои користеле палки и спреј за време на тепачката.

Од нападот повредени се двајца албански војници, кои се надвор од животна опасност, но со ризик едниот од нив да остане со оштетен вид.

-Во чантите на приведените лица- руски агенти пронајдена е апаратура што ја користат агенти за шпионажа за фотографирање објекти. Во микрочиповите на апаратурите пронајдени се фотографии од објектот во Грамш, јавија медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…