ДИК официјално: Во советот на општина Тетово влегуваат Беса со 12, ДУИ со 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ со 4, СДСМ со 2, Алтернатива и ДПА со по 1
Според првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) по изборите, во Советот на Тетово влегуваат шест партии.
Најмногу гласови освои Беса – 9.620, потоа ДУИ 8.702, ВМРО-ДПМНЕ 3.332, СДСМ 1.953, Алтернатива 1.118 ДПА 1.058. Со тоа, бројот на советници кои ќе ги добие Беса во Советот е 12, ДУИ ќе има 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ -4, СДСМ – 2 и Алтернатива и ДПА по еден.
Алијанса за Албанците остана без советник во општината, а во претходниот состав имаше тројца советници.
Во претходниот совет на Тетово, најголем број советници имаше ДУИ – 10, по што следеше Беса со 8.
Беса вчера ја славеше победата на плоштадот во Тетово и повика на предвремени парламентарни избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ученичка била физички малтретирана од нејзината мајка,…
На 18.11.2026 во 11:30 часот во СВР…
Сајбернапади кај надворешни добавувачи на „Џеј Пи…
„Џеј Пи Морган Чејс“, „Виза“ и „Мастеркард“…
„Аксиос“: Трамп разгледува нов напад врз Иран,…
Белата куќа побарала од Пентагон и од…
Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…
Мицкоски: Македонија е на иста маса со…
Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…