Јанко Бачев му изрази сочуство на Дугин, гуруто на Путин, откако ја загуби ќерката во атентат
Јанко Бачев, претседателот на „Единствена Македонија“, кој своевремено имаше блиски средби со Александар Дугин, откако идеологот кој важи за личен гуру на рускиот претседател Владимир Путин денеска во експлозија на автомобил ја загуби својата ќерка, руската новинарка Дарија Дугина.
„Синоќа во терористички напад во Москви настрада Дарја Дугина (1992), ќерка на рускиот филозоф Александар Дугин и пријател на македонскиот народ кој лично во Скопје ја изрази својата подршка за одбрана на македонското име и идентитет.
Во автомобилот кој експлодира од поставена бомба требало да биде и самиот Дугин, но во последен момент влегол во друг автомобил, па, постои сомнеж дека всушност тој бил цел на нападот. Трагедијата се случила после одржаното предавање на Дугин на фестивалот Традиција каде почестен гостин била и неговата ќерка Дарија, политички аналитичар на Меѓународното евроазиско движење, на чие чело е нејзиниот татко.
Во името на Единствена Македонија и во свое лично име, изразуваме најдлабоко сочуство до семејството. Амин!“, напиша Бачев.
Дуѕгина денеска е убиена во село во близина на Москва, откако експлодирал нејзиниот џип. Беше новинарка која се залагаше за руската инвазија на Украина. Претходно годинава, таа беше ставена на списокот на санкционирани лица од страна на американските и британските власти, кои ја обвинија 30-годишната девојка дека придонесува за онлајн „дезинформации“ за руската инвазија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во сеќавање на Јовица, нека кампањата биде…
Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од…
Трамп жестоко го нападна Axios: „На Иран…
Американскиот претседател Доналд Трамп категорично демантираше дека…
Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со…
По средбите со претставници на Американската финансиска…
Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка една година…
Заменик-директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Ендру…
Трамп го одби иранскиот план за Ормутскиот…
Тензиите меѓу САД и Иран повторно растат…