Се излеа Селска река во Крива Паланка
Невремето со пороен дожд, силен ветер и грмотевици што во попладневните часови ја зафати општина Крива Паланка предизвика излевање на Селска река и поплавување на земјоделски поседи.
Од удар на гром запалени се плевна и куќа во Крива Паланка, а пожарникарите се на терен и работат на локализација на пожарите.
Градоначалникот Сашко Митовски вечерва информираше дека се работи на санација на последиците од невремето.
-Вечерва сум на терен заедно со службите на јавното претпријатие „Комуналец” и општинските служби. Се справуваме со последиците од невремето кое траеше повеќе часови откако попладнево ја зафати нашата Крива Паланка.
Се излеа Селска Река во Конопница, поплавени се приватни поседи на граѓаните. Заедно сме меѓу нашите сограѓани, се работи на санација на штетите. Во меѓувреме, Територијалната противпожарна единица интервенира на двата пожари предизвикани од гром, информира Митовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Документи+Видео) На крајот парите завршувале во ВМРО-ДПМНЕ?!…
Македонија се соочува со најголемата измама и…
Брука невидена! Државата пак ќе собира донации…
Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со…
Распад на енергетскиот систем: Управа со измислени…
После 10 дена од испаѓањето на РЕК…
(Видео) Кривична пријава за узурпација на јавен…
Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“…
Мицкоски: Нашата држава е една од најбрзорастечките…
-Ние сме новата надеж. Ние сме промената…