ЧЕЧЕНЦИ И ЧЕРКЕЗИ ВО КОСОВСКИОТ ЛОНЕЦ? Вучиќ тврди дека екстремисти спремаат убиства на косовски Срби
Претседателот на Србија Александар Вучиќ преупреди дека екстремисти од Чеченија се дојдени на Косово за да предизвикаат немири. Според него, ова е доказ дека се подготвуваат тензии, а можеби и убиства на Срби во Косово. Вучиќ објасни дека овие борци на Косово пристигнале на почетокот на август и дека станува збор за екстремистичка група составена од противници на Разман Кадиров.
– Ги известивме лицата кои се наоѓаат на листите за ликвидација што ги подготвил режимот во Приштина. Утврдивме и чудни движења на поединци. На крајот на јули и на почетокот на август на Косово престојуваше група Чеченци и Чекрези позврзани со противници на Рамазан Кадиров и тоа со две цели – една е опсервација на состојбата на северот на Косово, а друго, врбување на Албанци за учество во руско-украинскиот судир – рече Вучиќ на прес конференција.
Повикувајќе се на разузнавачки сознанија Вучиќ рече дека групата стигнала на Косово со возило марка „мерцедес“ со новопазарски таблички, а во неа биле Ахмед Руслановиќ Бакајлев, Идриз Азарсанов и уште две лица со иницијали Х.А и М.А. Станува збор за искусни терористи, поврзани со Ахмед Закајев и Џамбулат Сулејманов, познати противници на Кадиров и претставници на тнр. Чеченска Република Ичкерија, настаната по руската победа во чеченската војна. Водачот на чеченските сепаратисти Ахмед Халидович Закајев во текот на војната за независност на Чеченија имал чин на бригаден генерал и учествувал во одбраната на Гозни. Од јануари 2002 година живее во егзил во Лондон, а Руската Федерација бара негова екстрадиција за тероризам.
Во средината на мај годинава Закајев стигнал во Украина, каде изјавил дека има цел да формира чеченска бригада во рамките на меѓународната легија за одбрана на Украина од руската инвазија, а потоа да се бори и за ослободување на Чеченија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…