Бангладеш ќе го крати работното време за да заштеди струја
Бангладеш ќе ги затвора училиштата уште еден ден во неделата и ќе го намали работното време во канцелариите за еден час за да заштеди струја, изјави во понеделникот владин претставник, додека земјата се бори со недостигот по затворањето на сите свои електрани со дизел, пренесува Ројтерс.
Јужноазиската земја минатиот месец ги затвори сите 10 свои централи откако руската инвазија на Украина ги зголеми трошоците за увезено гориво. Бангладеш минатиот месец го започна дневниот двочасовен прекин на електричната енергија, но многу делови од земјата остануваат без струја многу подолго.
Затворените постројки сочинуваат околу 6% од вкупниот капацитет за производство на електрична енергија во Бангладеш од 23.000 мегавати. Природниот гас, локално произведен и увезен, генерира речиси три четвртини од вкупниот број.
Владата на премиерот Шеик Хасина одлучи училиштата да работат само три дена во неделата, изјави за новинарите секретарот на кабинетот Кандкер Анварул Ислам.
Училиштата обично работат шест дена во неделата и се затворени во петок, но Министерството за образование објави дека тие сега ќе бидат затворени и во сабота.
Владините агенции ќе работат од 8 до 15 часот наместо вообичаените 9 до 17, додека банките ќе отвораат од 9 до 16 наместо од 10 до 18, почнувајќи од среда. Приватните канцеларии можат да го одредат работното време според нивните барања, рече Ислам.
Претходно овој месец, владата ја зголеми цената на нафтата за дури 51,7%, што предизвика протести на студентите и опозициските партии во земјата со 165 милиони жители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се трага по пет државјани на Бангладеш:…
На 16.05.2026 во 12:20 часот во Полициската…
Протести во Бангладеш поради смртта на студентски…
Бангладеш доцна синоќа беше зафатен од насилни…
Времето умерено облачно, попладен се очекува дожд
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Еве какво ќе биде времето денес
Времето денес ќе биде сончево и потопло…
Затишје пред нов топлотен бран: Летото се…
Летото сè уште не е завршено. Според…