(Документ) Кој шири лажни вести? Фехми Стафа не бил разрешен од Владата туку сам си поднел оставка

t

Денеска во јавноста протече информација дека државниот Праворанител, Фехми Стафа, бил разрешен од неговата позиција на денешната седница на Владата.

Информацијата ја објави ТВ 21, а потоа беше преземена и од страна на други медиуми.

Како што дознава Инфомакс, Владата не го разрешила Стафа туку тој си поднел неотповиклива оставка.

Инфомакс дојде до оригиналниот документ со приемен печат од Владата со кој Стафа бара од Владата да ја прифати неговата неотповиклива оставка од позицијата државен Правобранител, а на документот може да се забележат и печат и потпис од Стафа, како и архивски број од службите во Владата.

Оставката била поднесена на 23.08.2022 година, во образложението стои дека Стафа поднесува оставка од лични причини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ