Ковачевски: Од јануари ново поскапување на струјата, пред нас е една од најтешките зими во последните 70 години
Во однос на престојната зима, првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски уште еднаш повтори дека рестрикциите не се опција и дека струја ќе има.
Според генералниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, од јануари идната година се очекува ново поскапување на струјата.
„Веќе е сигурно дека ќе има поскапување, но јас секогаш протежирам тоа да биде благо поскапување“, изјави Ковачевски за дневникот на телевизија 24.
Во однос на престојната зима, Ковачевски уште еднаш повтори дека рестрикциите не се опција и дека струја ќе има.
„Сите најави и показатели за наредните месеци покажуваат дека пред нас престои една од најтешките зими во последните 70 години. Мораме да бидеме максимално подготвени“,
рече Ковачевски, уверувајќи дека ЕСМ ги има ставено во функција сите расположливи капацитети и дека нема да се увезува електрична енергија.
Минатата недела на прес-конференција првиот човек на ЕСМ информира дека целиот план за производство на електрична енергија за 2022 година е направен со 20 отсто зголемување во однос на минатата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…
Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…
Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…
Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…
Путин ја презема одговорноста за нападите на…
Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…
Oбид за убиство во гостиварско Чегране
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Димовски: Србија го следи примерот на македонската…
Политичките случувања и протестните движења во Србија…